Традиционалниот божиќен лов на фазани на британското кралско семејство, по се изгледа, годинава нема да се одржи. Причина е намалената популација на овие птици, поради што предвреме беше прекината сезоната на лов на фазани.

Според пишувањето на Дејли Меил, обилните снежни врнежи на крајот на минатата година, проследени со сув и влажен почеток на ова лето, предизвикале бројката на новородени птици да биде драстично намалена.

Веста за ова кралското семејство ја затече додека се на летување и како што пишува таблоидот Космополитен, ваквата ситуација им ги променила плановите за во зима.

Инаку војвотката од Сасекс, Меган Маркел, важи за жесток борец за права на животните така што одамна најави дека нема да учествува на манифестацијата заедно со нејзиното семејство.

Кејт Мидлтон на пукање во Шкотска 2009

Сепак во интерес е да се сочува популацијата на птици, со што кралското семејство ќе мора да се посвети на некоја друга активност, но со сигурност, оваа вест е добредојдена за Меган и загрозените птици.