Оваа сабота, 27 јули, е најсексуалниот ден во 2019 година, а најмногу полови контакти ќе бидат реализирани во периодот меѓу 22 и 23 часот!? Ова го пишува весникот „Метро“, кој цитира истражување спроведено од сајтот за вонбрачни познанства „Илисит инкаунтерс“, пренесуваат светските медиуми.

Според сајтот, саботата на 27 јули е најдобрата комбинација за секс. А, што е причината? Сончевото време, наспроти жештината, поттикнува на љубовен чин!

Изданието нагласува дека двојките со радост ќе се свијат под прегратките и поради уште една причина. Имено, вчера, петок, бил денот за исплата на платите, што секогаш води кон ведри чувства. Според авторите на истражувањето, саботата дава различни опции за секс, без вознемирување дека доаѓа понеделник кога треба да се оди на работа.

Истражувањето го покажал и редоследот на најсексуалните месеци во годината и тој изгледа вака: јули, август, јуни, мај, декември, февруари, април, септември, октомври, март, јануари и ноември. А, редоследот на деновите, пак, е следен-сабота, петок, недела, четврток, среда, вторник и понеделник.