Родителите на Мамант беа христијани од Пафлагонија, област што се наоѓа во северниот дел од Мала Азија. Животот го завршија во пафлагониските затвори, потклекнувајќи им на измачувањата. А на Мамант му се случи да се роди во затворот во времето на страдањата на неговите родители.
По нивната смрт, од затворот го зеде некоја вдовица Амија, на која претходно и се јави ангел и и кажа за бебето. Амија прекрасно го подигна даруваниот син. А кога Мамант беше на 15-годишна возраст, во времето на цар Аврелијан, го приведоа како христијанин, го мачеа и го фрлија в море. Но, морето го исфрли жив и неповреден, па овој се повлече во тихување на една планина близу Кесарија.
По некое време гонителите го пронајдоа и тука, го фрлаа во оган и пред ѕверовите, а кога Мамант со својата светост чудесно ги победи сите овие искушенија, некој идолски жрец го прободе со трозабец. Овој свет маченик се упокои во 275 година.
Comments are closed for this post.