Научниците од НАСА и од Европската вселенска агенција го потврдија постоењето на нова комета за која сметаат дека доаѓа надвор од нашиот Соларен систем и е „меѓуѕвезден песетител“.

Новооткриената комета се движи кон орбитата на Марс, а се проценува дека е со пречник од околу 16 километри. Нејзиното патување го утврдил астрономот аматер Генадиј Борисов од Кримскиот полуостров, а официјалното име и е Ц/2019 К4.

Линијата на движење на „гостинот од далеку“ е многу закривена, а брзината е необично голема, што е уште еден доказ дека потекнува надвор од Сончевиот систем.

На својот пат, се очекува, потполно да ја заобиколи Земјата. Научниците предвидуваат дека ќе биде видлива следната година преку професионален телескоп.

Брзината на кометата се проценува на околу 150 илјади колометри на час. Во моментов е оддалечена од сонцето околи 420 милиони километри.