Постарите сигурно се сеќавате на Татијана Матејаж Тајчи, која ја претставуваше Југославија на Песна на Евровизија во 1990 година во Загреб. Со фризура „Мерлин Монро“ и лесниот хит „Ајде да лудуваме оваа ноќ“ ја освои публиката.

Стана мега популарна , но набрзо се растури државата и Тајчи реши да замине во САД со неколку стотини долари во џебот.

Се обидуваше да се пробие и во музиката но без некој поголем успех.

Тајчи по неколку семејни трагедии се врати дома откако и почна сопругот и таткото.
Таа вели дека една драма оди со друга и дека на почетокот на кариерата размислувала на самоубиство бидејќи популарноста и дошла пребргу и не била подготвена.

Да, таа моја депресија ја имав од 17-тата година и почнав да се лечам после смртта на татко ми. Ми беше тешко поради мојата неспособност да бидам емотивно здрава и ментално. Тогаш не се говореше за булимија, анксиозност, депресија туку луѓето велеа дека сум мрзлива и неблагодарна.Знам дека тоа е табу и дека жените не сакаат да зборуваат за ова-вели 51 годишната Тајчи.