Поранешната тапанарка Кимберли Томпсон ја обвини Бијонсе, со која соработуваше седум години, за црна магија, прислушување и убивање миленичиња. Таа побара забрана за приближување и во тужбата навела дека Бијонсе прави сè за да го направи нејзиниот живот напорен и дека користи црна магија за таа цел.

Музичарката тврди дека сопругата на Џеј-Зи ги слуша нејзините телефони и ги контролира нејзините финансии. Во едно од тврдењата Томпсон вели дека поп-дивата и ја убила мачката.

Судијата го отфрлил нејзиното барање за привремена забрана за приближување, а на обивенијата познатата Бијонсе не даде коментар.