Холивудскиот актер Бредли Купер (44) кој неодамна се разведе од манекенката Ирина Шајк (33) со која ја имаат ќерката Леа де Сена фотографиран е во Њујорк за време на патување со метро со својата наследничка.

Двајцата беа седнати додека се возеа, а изгледа дека Бредли по разводот од убавата Русинка слободното време го поминува со ќерка си.

Бредли Купер со својата ќерка Леа се возат во метро во Њујорк

Се шпекулираше дека двјацата водат битка околу старателството и дека Бредли сака малата да се пресели во Лос Анџелес, а од друга страна Ирина наводно сака да остане во Њујорк, па новите претпоставки се дека актерот се откажал од преселување.

Само неколку дена претходно и Ирина е фотографирана како се шета со ќерката по улиците на Њујорк, а малечката со со своето издание ја засени мајка си.

Ирина Шајк на прошетка со ќерка си по улиците на Њујорк