Сопственици на семејното виногорје „Фило“ во Калифорнија приметиле црна мечка која со години ужива во грозјето кое се простира на 40 хектари. Оваа година за прв пат е забалежана мечката на камерите, а видеото покажува како мечката се шета меѓу виновите лози.

Но, она што е интересно, оваа мечка е многу пребирлива и го јаде само грозјето од сортата Пино ноар

Јаде само првокласно овошје. Драго ми е дека најмногу го сака најскапото грозје, за нас тоа е само капка во морето, драго ми е што доаѓа, вели еден од сопствениците на лозјето.