И ти исто така може да бидеш обезглавен од џихадист од Исламската држава – барем како дел од инсталација на еден холандски уметнички фестивал, кој веднаш беше осуден од страна на локалните политичари.

Фото-ап е дел од изложбата на уметничкиот и музичкиот фестивал во ДеГонг во Енсхеде, град во близина на холандско-германската граница. Таа вклучува фотографија во реална големина од сцена која прогонуваше и што беше реалност за многу жртви на Исламската држава пред да бидат егзекутирани.


Панелот има маскиран “Џихади Џон” облечен во црно, со една рака држи нож, а другата се потпира на рамото на жртвата облечена во портокалова боја. Лицето на жртвата е отсечено, правејќи простор за посетителот да се претстави како жртва на ИД.

Речиси веднаш штом беше откриена инсталацијата, локалните политичари од Демократската платформа Енсхеде, побараа од организаторите инсталацијата веднаш да ја отстранат од настанот – бидејќи може да ги навреди и да ги вознемири бегалците од земјите погодени од ИД кои се населиле во таа област .