Денеска на редовката владина седница Бојан Лазаревски е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за филм на Македонија.

Лазаревски, кој инаку е економист, беше член на Управниот одбор на Агенција за фил od 2017 do 2020 во мандатот на досегашниот директор Горјан Тозија. Претходно Лазаревски беше раководител на партнерска мрежа составена од кредитни посредници кои како алатка ги користат услугите на наменските кредити кон крајните потрошувачи. Тој има многугодишно искуство во банкарскиот сектор.

Мандатот на Тозија заврши на 4 август. На 23 октомври Владата реши да не му го продолжи мандатот на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) уште на 23 јули ја повика Владата да побара одговорност од Тозија. ДКСК заклучи дека Тозија ги прекршил процедурите во постапките согласно Законот за филмска дејност.

Агенцијата за филм до денеска работеше без потписник од 4 август.