Во пресрет на 99 годишнината од раѓањето на основоположникот на современиот македонски литературен јазик Блаже Конески неговото родно Небрегово денеска широко ги отвори вратите за членовите на советот, на Институтот за македонски јазик и приврзеници на неговото големо дело.

Како и досега сплотени и единствени пред неговиот спомен дом му се поклонуваме на човекот кој широко на светот му кажа и докажа дека јазикот ние еден единствен, посебен и различен ,рече професорот Људмил Спасов.

Блаже Конески со посебна декларација е прогласен за надржавна личност. Нашиот јазик има свој континуитет, а службен јазик е од 1944 година.

Конески е брилјантен лингвист.Неговите дела се наоѓаат во сите универзитетски и големите национални библиотеки во светот.

Националниот координатор за развој на културата Роберт Алаѓозовски потврди дека владата останува цврста на позициите дека јазикот идентитетот и само определувањето е темел на македонската држава.

До година во Небрегово ќе се одржи голем меѓународен и научен блажев собир по повод 100 годишнината од раѓањето на Конески и Благоја Корубин.

Тие тврдат дека спомен куќата ја посетиле стотици линвисти и туристи од целиот свет, а најмалку ученици од основните и средните училишта во Македонија.