Визуелната авторка Марија Павловска во нејзината 20-годишна уметничка практика ја истражува уметноста користејќи ги поларните црно-бели бои и се истакнува со специфичен експресивен стил, кој е единствен, како кај нас (Балканскиот регион), така и на меѓународно ниво. Делата на авторката се составени од впечатливи, непостојни потези – опфаќаат поларни спротивности: светло и темно, полно и празно, црно-бело. Формите на делата на Павловска се развиваат од слика или цртеж до видео или инсталација.

Настанот Арт-презентација: Проект „А Реакција“ на Марија Павловска ќе ја претстави активноста на македонската авторка и нејзините резултати постигнати на интернационален план на полето на ликовното, а кои се последица на уметничката резиденција во музејот „Мана Контемпорари“, водечка институција во Њујоршката област во САД. Проектот изработен во текот на резиденцијата е документиран со покровителство на Музејот и забележан и поканет од Европскиот Културен Центар да учествува на 58-то Венециско Биенале. Документирајќи го целиот процес на проектот е издадена и монографијата „А Реакција“, Издавачка куќа Ројал Арт, поддржано од Музејот „Мана Контемпорари“.

МАРИЈА ПАВЛОВСКА / БИОГРАФИЈА

Нејзиното уметничко патување започнува уште во рана возраст. Родена во Скопје, Македонија, по студиите, таа опстојува со резиденции и самостојни изложби во Париз, Берлин, Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Виена, Кремс, Нирнберг, Манила, Конетикат и Њујорк. По првото самостојно претставување во Њујорк во 2007 година, таа живее на релација помеѓу Скопје и Њујорк, каде продолжува да биде активна на њујоршката уметничка сцена, а исто така изложува и на интернационално ниво. Нејзини дела се изложувани во повеќе земји, каде Павловска остварува 30 самостојни изложби и повеќе од 100 групни меѓународни изложби. За нејзините уметнички дела се објавени рецензии во многу списанија, написи на весници, како и текстови во музеи, галерии и каталози и монографии ширум светот. Марија Павловска учествуваше на Биеналето во Венеција 2019 година, поканета од Европскиот културен центар, на Арт Базел Мајами во 2014 година, претставена од МАNA Contemporary USА, беше наградена kako Ситибанк Уметник на годината – Годишна самостојнa изложба на 60-тата / 5-та авенија во 2011 година, исто така ја понесе првата престижна награда за сликарство на фондацијата „Кароле А. Феуерман“ во Њујорк, награда за сликарство на интернационалната изложба „Mixing Medias“, чиј домаќин беше Фондацијата „Карол А. Феуерман“ во 2015 година и има добиено 16 грантови за уметност во текот на нејзината кариера.

Во досегашната дејност, Павловска е добитник на 5 значајни награди и признанија од областа на ликовната уметност. Цртежите и делата на Павловска се поканети и вклучени во 5 книги, ко-соработка со поети и писатели на интернационално ниво. За нејзиното дело се издадени две монографски изданија и повеќе каталози. Завршува Докторски студии во 2016 г., каде во 2019 г. тезата се преточува во монографско дело, се издава нејзината прва авторска книга: „Првиот Принцип-Цртежот“. Нејзината студио резиденција – aтeље се наоѓа во престижниот Уметнички центар, Музеј MANA Contemporary, водечки центар за современа уметност во областа Њујорк од 2012 година. Нејзината уметност, користејќи ги поларните црно-бели бои, се истакнува со специфичен експресивен стил кој е единствен, како на Балканот, така и на меѓународно ниво.