Дождот кој во неделата наврна во Белград, а според Републичкиот хидрометеоролошки институт за еден и пол час паднале 60 литри, освен што поплави стотици автомобили, гаражи, подруми,  угостителски и услужни објекти, проблем предизвика и во Белградската зоолошка градина.

Вработени во зоолошката градина објавија видео снимка на која се гледа како блика вода низ скалилата кои водат до живеалиштата на огромен број животни. Според нивните кажувања, ова е најголем потоп кој се случил во Белградската зоолошка во последните неколку години.

Ветеринарот од Белградскиата зоолошка градина, Јожеф Езвеѓ, вели дека животните природно се навикнати на секакви непогоди вклучително и поплава и дека сека се чувствуват добро.

„Животните за време на непогодата се скрија во нивните живеалишта, навикнати се да се изборат со секакви непогоди. Сега се добро, ја имаат неопходната храна, иако тешко ја поднесуваат спарнината која се чувствува, исто како луѓето“, вели Езвеѓ.

Обилните дождови што врнеле непрекинато 18 часа предизвикаа стотици автомобили, гаражи, подруми, угостителски и услужни објекти да бидат поплавени, а сериозно се загрозени и многу станови кои се на приземје. 60 илјади домаќинства останале без струја, а поплавни се и 20 градинки.