Ферари 312Т кој Ники Лауда во шампионатот на Формула 1 го возел во 1975 година ќе се најде на аукција на куќата Гудинг во август во Пебл Бич, Калифорнија.

Болидот од серијата 312Т со број на шасија 022, трикратниот светски шампион во Формула 1 го возел на повеќе трки во сезоната кога дошол до својата прва титула. Во овој автомобил легендарниот Австриец триумфирал на големата награда на Франција 1975, а стигнал и до пет пол позиции итата година.

Ферарито 312Т е темелно обновено, а во 2017 го освоило третото место на популарниот „Конкурс на елеганција“ во калифорнискиот Пебл Бич. По реставрцијата, болидот често учествувал на ревијални трки на олдтајмер тркачки автомобили.

Болидот е придвижуван од 3 литарски мотор со 12 цилинри.