Донка Барџиева претседателка на центарот за културно наследство во „Топ Тема“, истакна дека главната одговорност и вина за состојбата во Охрид во контекст на извештајот на УНЕСКО најпрво ја има Владата и премиерот, кои како потписници се обврзани да постапуваат по извештаите и конценцијата.
Барџиева вели дека извештајот на УНЕСКО за градот Охрид е повеќе од реален и дури ситуацијата на сите оние кои ги следат проблемите во Охрид е далеку по лоша отколку што е тоа наведено во самиот извештај.
Таа посочи дека последните три години требаше да донесат пресвртница во решавање на проблемите во Охрид, но решавањето на проблемите изостана.
Крајно време е да се лоцира одговорноста за овие проблеми, не би сакала да посочувам личности, но време е да се побара одговорност и да се направи ревизија на работата воопшто на клучните владини институции, како и на градоначалниците, факт е дека со децении немаше план за управување по препораките на УНЕСКО, вели Барџиева.
Барџиева вели дека вината е разгранета на повеќе нивоа, но пред се главната вина ја има Владата, затоа што извештајот е адресиран до Владата, која е потписничка и се обврзува со конвенцијата и одговорноста треба да ја преземе Владата и премиерот, министерството за култура, управата за заштита, музејот на Охрид и локалната самоуправа.
Таа исто посочи дека дел од извештаите биле сокривани како и тоа дека биле ставани податоци кои не се точни и не се факти како активности кои биле извршувани, па по тоа таа заклучи дека тоа е срамно однесување за идна членка на ЕУ.
Comments are closed for this post.