Сегашната осма генерација на VW Golf би можела да биде нејзината последна, пишуваат германските медиуми. Ова ќе биде шок за Балканците за кои Голфот е еден од најпопуларните автомобили.
Како што изјави Томас Шефер, извршен директор на VW, електричните возила се подобар избор во помалите класи како што се компактните, бидејќи наскоро ќе бидат подостапни од моделите со внатрешно согорување.
„Сè уште ќе треба да видиме дали вреди да се развие ново возило кое нема да издржи цели седум или осум години како порано“, додавајќи дека таквиот потег би бил „исклучително скап“.
Comments are closed for this post.