Главниот град на Франција, Париз, се подготвува за свечено одбележување на 130 годишнината на Ајфеловата кула. Со музички спектакл, дигитален театар и авантурата-потера „Тајните досиеја на Ајфеловата кула“ за посетителите, кулата ќе биде центар на Светот.

Едно од најпрепознатливите зданија кога било изградени во историјата е изградена за потребите на Светската изложба 1889 година, како споменик обележје на стотата годишнина нд Француската револуција и како симбол на просперитетот на Франција.

Сепак, Ајфеловата кула не секогаш била гордост на Французите. И првично замислена како проект што требало да биде размонтиран по 20 години, поставувањето на кулата предизвикало револт кај група од 300 познати уметници и архитекти (по еден за секој метар од оригиналната висина на кулата), кои барале да не се дозволи градењето на таа „бескорисна и монструозна“ градба. Тоа барање не било прифатено, па денес Ајфеловата кула е едно од светските чуда

Бурна историја

Кулата е изградена на 31 март 1889 година, наспроти протестите на уметниците, меѓу кои биле и Емил Зла, Ги де Мопасан и Дима помладиот. Зданието не било урнато ни по истекот лиценцата 20 години подоцна, затоа што, откако Гистав Ајфел инвестирал во телеграфска инвестиција, се покажала како корисен (во воени цели) безжичен предавател.

Кулата требало а биде ураната и за време на Втората Светска војна, кога Адолф Хитлер наредил нејзино уривање, но задолжениот генерал, Фон Холтиц, одбил да ја изврши таа наредба.

Нејзиното опстојување било осигурано во 1964 година кога била прогласена за историски споменик. Денес, кулата е најголема икона на Париз и на Франција, еден од најпосетуваните споменици во Светот, уметника инспирација, а аза многумина и симбол на љубовта.

Општо е мислењето дека го добила соето име по својот креатор, инеженерот Гистав Ајфел, но тој правото на името го стекнал преку својата фирма. Сепак, проектот што победил на конкурсот за Светската изложба го осмислиле Морис Кецлин и Емил Нугије, неговите инеженери, додека архитект бил Стефан Совестр. Кога проектт добил зелено светло, се било во рацете на Ајфел.

Ајфеловата кула до 1930 година била нависоката зрада на Светот. Денес има повќе од 40 реплики во целиот Свет, од кои една во оригинална големина во Токио и една, точно двојно помала, во ЛАс Вегас.Сепак, денес е многу полесно да се изгради ајфелова кула во одно на времето пред 130 години, кога таа била вистинско инѓенерско, архитектонско и дизајнерско чудо, чиишто темели се вкопани само 15 метри под земјата.