Фолкерот Аца Лукас во моментов ужива во Италија со неговата нова девојка Јована, која за прв пат пред јавноста ја покажа на промоцијата на дует песната со Маја Беровиќ, во јули.

Двајцата уживаат на јахта на островот Капри на југот од Италија, а популарниот фолкер објави на Инстаграм фотографија на која заедно позираат.

Срцето кое го стави во коментар сведочи за тоа дека е среќен и заљубен, а во коментарите упатени до Лукас, Јована доби убави комплименти.

„Убава е како ангел, каква Соња! Ова е права девојка за Аца, згодна и природна!“, „Ти секогаш го бираш најдоброто, секоја чест на вкусот. Среќно и долго да трае, исто како и твоите песни“, „Најубава до сега, преубави“, се само дел од некои од коментарите.