Розга синоќа го запали Скопје. Хрватска пејачка, Јелена Розга имаше спектакуларен концерт во Арената „Борис Трајковски“, која беше преполна со млада публика што ги пееше нејзините хитови од соло кариерата и по некоја од времето кога беше дел од групата „Магазин“.

Јелена пак им возврати со врвно шоу. Звучеше одлично, играше заедно со танчерките, смени неколку модни комбинации и во сите изгледаше прекрасно.

Како вистинска Далматинка знае како да ја шармира публиката, но и да се расплаче, особено кога ја пееше нејзината песната “Опрости мала”.

Сонував за еден ваков концерт. Ве сакам сите, ја, поздрави Јелена македонската публика.

Го чував настапот во Скопје за еден голем концерт. Кога ја подготвувавме турнејата самата одлучив дека секаде ќе има по еден концерт. Едноставно јас сум таква. Сакам да го паметам концертот, како што ги памтам оние во Загреб, Белград и Нови Сад, рече Розга.