Алберт Ајнштајн во една прилика рекол дека дефиниција за безумие е „да го повторуваш истото одново и одново и да очекуваш различен резултат“. Навистина не знам на кого конкретно мислел, но од оваа временска дистанца може слободно да се каже дека мислата совршено одговара за денешните „пресноепци“ од владејачкиот СДС бугарски и неоврховистички.

Зашто, вчерашната неуспешна собраниска сеанса, наречена уставни измени, со цел внесување на Бугарите во државниот Устав, како услов за конечно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, ја исфрли на површина главната карактеристика на нивното владеење, нејзиното височество-ЛАГАТА! И, што е можеби уште поважно, отсуството на политички капацитет, знаење и умеење на нивниот партиски лидер, кој повеќе од очигледно залутал во премиерската фотелја, па дури и како обичен намесник. Ова дотолку повеќе што Димитар Ковачевски-Таче се покажа како погрешна инвестиција, двојно полоша дури и од неговиот претходник Зоран Заев!

Но, за жал, последиците од ова ќе ги чувствуваат сите граѓани на Република Македонија. И вината за неспособноста на Ковачевски ниту смее, ниту може да се бара на друга адреса, најмалку во опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Левица или Демократскиот сојуз, кои на време укажуваа на погрешните чекори на власта на СДС бугарски и неоврховистички и главниот актер во владиниот кабинет ДУИ. Сега стана јасно дека власта го нема  исчистено ни сопствениот двор за поддршка на уставните промени, а за самоубиствените за етничките Македонци потези бара поддршкка од сите останати!?

Двоецот без кормилар Заев-Ковачевски направи катастрофални грешки и на патот кон почнување на преговорите за членство во ЕУ, со својата неспособност, неодговорност и сервилност од анален тип, ја доведоа Република Македонија во ќорсокак од кој тешко ќе може да се излезе. Не попусто е речено дека тоа што една будала ќе погреши, илјада паметни тешко ќе можат да го поправат. А, кога две будали ќе погрешат, колку илјади паметни ќе треба да работат за да ги вратат работите на прав колосек?!

Заев лажеше дека Договорот со Бугарија е добар, дека сме имале заедничка историја, дека сме еден с,шти народ, дека царска Бугарија не била наци-фашистичка, дека сме ги почнале преговорите за членство во ЕУ, носеше планови 3+6+9 за никогаш неспроведени реформи… Ама во вистинска смисла на зборот немаше работа во која не царуваше лагата.

И наместо да смени нешто, неговиот намесник Ковачевски продолжи таму каде што тој застана. По германскиот и португалскиот, следуваше т.н. француски, односно бугарски предлог. Лажеше дека не преговара, па излезе дека преговарал, лажеше дека историјата нема да биде пречка за преговарачкиот процес, па излезе дека протоколите станаа дел од патот кон ЕУ, но притоа преземал и обврски, што ниту му припаѓаат, ниту може да ги исполни. Лажеше и дома и надвор, односно меѓународниот фактор дека има или само што не обезбедил двотретинско мнозинство за уставните измени, лажеше дека опозицијата ретерирала во ставот, лажеше дека таа е антиевропска, лажеше дека 80% од Македонците го прифаќаат менувањето на Уставот, лажеше дека не дал дозвола за отворање бугарски клубови со максимално провокативни имиња за Македонците, лажеше толку, што веќе и самиот се изгуби во сопствените лаги.

Сега лаже дека промената на Уставот е македонски предлог, а не преземена обврска. Ако е навистина така како што вели, каде по пат му се игубија „болсот“ со кои се фалеше, па многу порано да го кажеше тоа? Чисто за да му кажеме дека направил трампа исто како од познатиот оглас од времето на комунизмот/социјализмот-менувам трабант за вартбург, шифра „Го*но за го*но“.

Или за тоа дека ветото за првпат нема да дојде од надвор, туку од внатре. А, не така Таче, колку и да сакаш да бегаш од одговорноста, вината за се што се случува во државата лежи кај тебе, само кај тебе и кај никој друг. И за тоа нема бегање од одговорноста. Друштво може да ти прави само Зоран Заев. Обајцата си го носите крстот и обајцата ќе мора да им се извините пред се на Македоните, а потоа и на сите останати граѓани за неуспешните и катастрофални политики и не спроведување на реформите, бранот на кој дојдовте и на власт. Ќе дојде и тој ден, исто како што му дојде денот на вашиот пајташ Никола Димитров, кој беше одговорен за надворешни работи и за евроинтеграциите.

По вчерашната прес-конференција и изнесената невидена глупост дека Таче ќе им ги одзема пасошите од други држави на веќе иселените млади луѓе од Македонија, Владата дефинитивно веќе не може да се именува како Влада. Таа стана занесувачко друштво „Димитар Ковачевски“. Откако замина на ментален излет за враќање на економскиот стандард во државата од времето на непосточката Југославија, со кое право нашиот премиер намесник си зима таква слобода да си поигрува со чувствата на младите?! Кога веќе не знаел да ги задржи, сега уште им се заканува! Што мисли он, дека младите заминале од тука затоа што им било убаво или оти не можеле веќе да го истрпат нефункционирањето на институциите, на системот во целина, непотизмот и неподносливата партизација, корупцијата, неправдите, двојните аршини, катастрофалните состојби во здравството, образованието… Нешта што тој треба и мора да ги решава независно од преговорите за членство во ЕУ и за што зима 78% поголема плата од парите на граѓаните, даночни обврзници.

И политички „пресное*ци“ од СДС бугарски и неоврховистички, па и вие од ДУИ, по дебаклот во Собранието немојте ни да помислувате да продолжувате со убиствената политика на натамошни поделби во општеството на проевропски и антиевропски сили во државата, на проруски и прозападни ориентирани политички субјекти или да барате некакви алтернативни политики од опозицијата. За тоа ви помина времето, зашто тие прашања можеа да бидат актуелни во моментот кога сте увиделе дека не сте ни знаеле, ни умееле да постигнете од ова што сте го постигнале, а сте постигнале едно големо ништо, нула, двојно голо.

Сега е време за избори. Што побргу го сфатите тоа, толку подобро. Ни народот, односно граѓаните, ни државата не се ваша лична прчија. Времето за поистоветување на државата со партијата е одамна минато. На крајот на краиштата, можете цел народ да го лажете краток период, можете дел од народот да го лажете цело време, но не можете цел народ да го лажете цело време. А, Толстој не попусто запишал дека човечката злоба секога произлегува од немоќта.