Во екот на почетокот на кампањата за потребата од уставни промени за внесување на македонските Бугари во највисокиот државен акт како услов за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, Македонците доживеаја уште едно национално понижување. И тоа среде Скопје!
А, што знае премиерот намесник Димитар Ковачевски што е национално достоинство?! Колку што знаат децата што се 300 килограми. Ја зимаат вреќата, ја креваат и ја носат. Според вицот, нели.
Така и Ковачевски. Не знае кој е бугарскиот европратеник и еден од лидерите на бугарското ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, и што може да направи и да каже, а за неговиот колега од бугарското народно собрание и лидер на Преродба, чие име не заслужува ни да се спомене, не заради Македонија и Македонците, туку поради неговата отворена проруска определба, ни збор да не стане.
Со своите негаторски, неонацистички ставови кон Македонија и Македонците, просторот пред спомен плочата посветена на Мара Бунева, Ангел Џамбаски го претвори во бугарска собраниска говорница од времето на наци-фашистичката влада на Богдан Филов. И поткачен на кејот крај Вардар, со мегафон во рацете, само гордо ги повтори зборовите на некогашниот бугарски премиер за „Бугарија од Дунав до Белото Море и од Црното до Јадранското Море“, како континуитет на шовинистичкиот великобугарски санстефански сон.
И кога премиерот намесник Димитар Ковачевски ќе стане „абонент“ на „убавото“ шовинистичко, неонаци-фашистичко бугарско друштво, со обидот за вадење преку министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дипломатската реакција уште неиспратена, станува обичен лист хартија за бришење задник по голема нужда. Зашто, таа, во суштина, во ништо не се разликува од реакциите, по давањето дозволи за отворање на бугарските клубови со имињата на Иван Ванчо Михајлов, Цар Борис III и Цар Фердинанд. И тоа не поминува барем кај Македонците, исто како што не поминува ни релативизацијата на политичката улога и моќ на двајцата бугарски политичари.
Напротив, благата реакција на власта само потврдува дека во премиерската фотелја имаме немоќен „дрон бајрактар“, управуван од далечина, обичен послушник, кој веќе ќе почне да се одѕива и на она познатото „Рајка, радодајка“.
И малку ќе биде внесувањето на македонските Бугари во Уставот. Како тргнал Ковачевски, излегува дека е само прашање на ден кога ќе предложи и носење на закон за заштита на бугарската национална чест во Македонија!? Спротивно од одлуката на АСНОМ!? Па што, и така од АСНОМ веќе не остана ништо! Ќе треба само да се направи инверзија, наместо македонска, да стои бугарска национална чест и во називот на законот и во самиот негов текст, што за власта на СДСМ и на ДУИ нема да претставува никаква потешкотија.
На 2 август 2014 година порталот Окно во оригинал го објави Решението на Второто заседание на АСНОМ за создавањето суд за судење на престапите извршени против македонската национална чест и еве уште еднаш да го пренесеме во целост и со напомена дека таму каде што стои македонска ќе треба да се чита како бугарска:
Решение за создаванје суд за суденје на престаплениа извршени против македонската национална чест
Во време кога Македониа беше окупурана од германците и бугарските фашисти, кога македонскиот народ изживуеше тешки моменти во своето национално соштествуванје, кога најарните народни сили со сите средства, па и со оружје во рака, се бореја за запазуенје на македонската националност, јазик и култура, за македонското име воопшто – се најдоа пораженци и изроди во нашиот народ, било от лични интереси било от општествена саможивност по севозможни начини соработуеја со окупаторите, давајки им во нивната фашистичка и денационализаторска политика реална помокј. По тој начин тие го издадоа својот народ и ја извалкаја македонската чест.
Македонскиот народ не може да ги остави без наказание извршителите на овие престаплениа.
На това основание Антифашиското Собрание на Народното ослободуенје на Македониа го донесуе следното
РЕШЕНИЕ
Чл. 1 Се создава специален суд за суденје на престаплениата против македонската национална чест, кои на териториата на Македониа ке суди на секое лице кое за време на окупацијата направило
Чл. 2 Овој суд ке суди за оние престаплениа направени против националната чест, кои не можат да се квалификујат како издајство, или како помаганје на окупаторот на престапленјата против македонската национална чест осудуе на лишуенје от национална чест, во која влегува и лишуенје от грагјанска чест; лесна или тешка присилна работа и конфискуванје на имот. Лишуенјето от националната чест може да биде времено или доживотно, а присилната работа може да трае највеке до 10 години.
Чл. 4. Во случај да се утврди по време на раследуенјето, оти е извршено престапление за кое се осудуе на смрт, судот за срденје на престапленијата против македонската национална чест ке се огласи за ненадлежен, а предметот ке го испрати на надлежниот суд.
Чл. 5. Антифашиското собрание на Народното Ослободуенје на Македониа т.е. Президиумот ке издаде нужни законски решениа во кои ке ги суди судот за суденје на престаплението против македонската национална чест, уредуенјето на судот и процедурата.
Чл. 6. Судот за суденје на престаплениата против македонската национална чест се избира од Президиумот на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободуенје на Македониа, и се состои од 30 члена кои судат во состав од 3 члена.
Чл. 7. Президиумот на АСНОМ назначује народен тужител при судовите на народната чест.
Чл. 8. Ова решение влегуе во сила от денот на објавуенјето.
*Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции, дури ни кога има очигледни грешки како онаа во редните броеви (по 2 следува 4) или кога има недовршени реченици (Кај член 1) и сл.
Извор: Документи од создавањето и развитокот на Н.Р. Македонија (1944-1946), Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1949
Треба да се напомене дека на 16 април 1945 година Народното собрание на Македонија ќе донесе Закон за изменение и дополнение на Решението, а во Службен весник бр.11 од 11 јуни 1945 година е објавен и Закон за укинување и на Решението и на споменатиот Закон за негови измени и дополувања.
Comments are closed for this post.