Како родител често размислувам за моето дете каде и каков живот ќе живее. Претпоставувам не само јас, но и секој добар родител сака неговото дете да биде блиску до него, да може да се радува на неговото растење, да го минува времето со него и не само додека расте детето, а и понатака родителот посакува да го гледа неговото дете како се развива, се образува, напредува во својата професија, создава свое семејство.
И како што обично се вели родителот посакува неговото дете да успее во животот и да оди на прав пат. Но, живееме во динамичен свет, свет на брзи технолошки промени, а младите генерации, се повеќе се мобилни, а за жал, најчесто со својот поглед надвор од својата држава и со желба за подобар живот, бидејќи тука дома не ја гледаат својата иднина.
Деновиве го славиме Денот на народното востание – 11 Октомври, празник којшто го славиме како симбол на борбата на нашите предци за слобода и подобар живот. Сигурно и нашите предци како родители размислувале за своите деца и се бореле за нивните деца да живеат подобар живот во слобода и во слободна татковина. Затоа ние денес, нивните деца го славиме Денот на народното востание, го славиме нивното дело, нивните стремежи за слободна држава и подобар живот.
Родителскиот инстинкт да се обезбеди подобар живот на своите деца е силен мотив за борба. Тој мотив го имале нашите предци, а верувам дека го имаме и ние. Само што сега околностите се промениле, но гледајќи во минатото гледаме дека желбите на соседите не се промениле.
Историјата нѐ учи дека апетитите на соседите останале исти. Нашата мала држава во центарот на Балканот е опкружена со соседи што во минатото приграбувале, а денес сѐ уште се стремат да влијаат и да наштетат и покрај сите писмени договори за добрососедство и негување на пријателски односи. Гледаме дека соседите сѐ уште гикористат своите силни позиции за нивни интереси и на наша штета.
Има еден популарен цитат, кој најчесто се припишува на Винстон Черчил во кој се вели дека тука на Балканот се произведува повеќе историја, отколку што може да секонсумира.
Без разлика дали тоа го увидел познатиот британски премиер или не, сепак тој цитат е вистина. Ние денес тука на Балканот произведуваме повеќе историја, алошо е што таа е храна неопходна за опстанок на политичката сцена за некои локалниполитичари тука во соседството. Тие локални политичари ќе направат сѐ за да опстанат во политичкиот живот и да се одржат на власт, па така и не треба да се чудиме зошто и покрај договорот за добрососедство со нашиот источен сосед сега примаме нискиудари што го попречуваат нашиот пат кон европската интеграција.
И лошото е што нашите судбини или напори за подобар живот за нас и нашите деца тука на Балканот се во рацете на такви локални политичари што се хранат со историја за да го осигураат својот политички опстанок. Такви локални политичари со сомнително лично минато, а најчесто како бивши соработници на тајните служби, треба да заминат во историјатакаде што и припаѓаат, бидејќи тие нудат само политички сервирана историја, а не решенија за подобар живот.
За жал, се уште постојат, а се додека опстојуваат во политиката, ќе влечат кон дното и минатото. Сепак, Черчил е во право, не можеме да јаисконзумираме историјата што ја произведуваме тука на Балканот.
Comments are closed for this post.