Зборовите на Претседателот на државата дека во наредните 40 до 50 дена влегуваме во еден временски период кој може да биде турболентен, а имајќи во предвид дека сме во пресрет на Денот на независноста ме наведоа за момент да помислам на популарниот филм „Денот на независноста“ со познатиот Вил Смит во главната улога. Сижето на филмот е дека токму на Денот на независноста на САД има инвазија на вонземјани со крајна цел да ја уништат планетата Земја. Но, да ја оставиме фантазијата на страна и апокалиптичните сценарија, и реално да помислиме на зборовите на Претседателот на државата, а со оглед на тоа дека се конституира новиот национален Совет за безбедност со кој раковиди токму шефот на државата.
Советот за безбедност како тело кое го сочинуваат премиерот, претседателот на парламентот, како и министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи и сите тие располагаат со класифицирани информаци од областа на безбедноста, во тој случај треба сериозно да ги земеме во предвид зборовите на Претседателот на државата во врска со најавениот турбулентен период што следува. Во сличен контекст беа и зборовите на министерката за одбрана дека има надворешни и внатрешни структури кои не се многу среќни ако се започе со преговорите со ЕУ во октомври. Но, нејзините зборови пред сѐ се во политички контекст и со напад кон опозицијата. Ваквите изјави со политички контекст во безбедносен аспект се само страв кај власта дека единствено наредниот временскиот период може да биде турбулентен само за власта, бидејќи после сите скандали ова лето, и со право треба да очекуваат да очекуваат од власта дека за нив ќе биде навистина турбулентен период.
Ако погледнеме во овие 28 години независност и ако се сетиме на тензичните моменти опасни по националната безбедност ќе видиме дека најкревки сме кога има етнички конфликт. И ако некој имал намера да атакува по националната безбедност најпрво предизвикувал етничка тензија. И во сите случаи, конфликтот бил увезен од соседството, координиран од странство и со локална логистика. Така што, ако се плашиме дека може да имаме турбулентен безбедносен период во иднина, не дај Боже, тоа може да се случи само доколку се увезе таков конфликт од надвор. Но, она од кое што навистина стравува власта е дека може да има политички турбуленции во опшетството и тоа единствено на штета на власта токму заради нивната неспособност да направат вистински реформи за подобрување на државата и општеството.
Наближува Денот на независноста, а Премиерот и власта повикаа на дружење и забава во боите на независноста. Но, единствено се сомневам дека ќе има некаков одзив на поканата, после сите политички скандали ова лето. И ако на Денот на независноста не се случи инвазија на вонземјани, тогаш со сигурност ќе се случи фијаско на власта и мал одзив, а единстевно може да очекуваме присуство на партиски послушници кои ќе се обидат да глумат патриотизам, па можеби повторно некои од нив ќе извикуваат Северна, Северна како на 2 август.
Претседателот е во право дека наредниот временски период ќе биде турбулентен, но политички турболентен за власта. Да, нѐ очекуваат промени, претстои влез во НАТО, а со тоа државата ќе добие безбедносни гаранции, но за сето тоа и скапо ќе плаќаме во иднина. Датум за преговори со ЕУ сигурно не се на повидок во брзо време, а пак најмалку во октомври со оваа власт и со расштиман и корумиран правосуден систем. Се додека не се среди правната држава, за датум за преговори со ЕУ може само да мечтаеме. Така што промените кон подобро единствено зависат од самите нас, а за да започнат, најдобро е да започнат со избори за промена на власта. Нека следниот период води кон подобро и кон позитивни промени за граѓаните. И без турбуленции, и без инвазија на вонземјани. Нека е честит 8 септември – Денот на независноста.
Comments are closed for this post.