На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул.“Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш..

Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53). Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

 

Неофицијално, се работи за автомобил кој му припаѓа на семејството на поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, а кој бил паркиран пред неговиот дом на улица „Петре Пирузе“ во Тафталиџе.