Министерството за надворешни работи информира дека на 17 јуни, на магистралниот пат Ељбасан-Пеќин, во Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинало 8-годишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се вон животна опасност и на лекување во локалната болница во Ељбасан.

Амбасадата на Македонија во Тирана е во комуникација со надлежните институции на Албанија и семејството на починатото дете и се ставени на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Албанија.

Од МНР информираат и дека на располагање се дежурните телефони на Амбасадата на Македонија во Тирана +355689019198 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075 273 732.