Реконструкција на петкратното убиство кај Смилковско Езеро нема да има. Вака денеска одлучи Кривичниот суд Скопје, кој образложи дека местото е променето. Одбраната на обвинетите истакна дека ова е седми пат што судот им го одбива овој предлог. Но, тие најавуваат дека и понатаму ќе инсистират за да се случи ова рекононструкција, многу важна за утврдување на вистината.

– Ова е повеќе од потребно бидејќи ние како одбрана со ова докажуваме дека кодираниот сведок не ја кажува вистината. Одбивањето на реконструкцијата судот го оправдува со конфигурацијата на самото место, додека тоа е променето за да се покријат трагите и да се спречи реконструкцијата. И покрај ваквата состојба, нас не интересира лажната изјава што неколку пати ја повторуваше шифрираниот сведок, односно сме заинтересирани за растојанието помеѓу него и лицата што ги обвинува дека ги видел таму. Ние инсистираме на реконструкција, така што самиот суд може да види дека од далечина поголема од 100 метри не можете да ги видите трагите од која било личност. Изненадувачки е незаинтересираноста на судството, поточно на претседателот на советот, изјави адвокатот Насер Рауфи.

За денешнто рочиште беа повикани и други сведоци предложени од одбраната, но од здравствени причини истите не се појавиле. Следното рочиште за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, која е во повторна постапка ќе продолжи на 28 јануари.

Во предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро што се случи на 12 април 2012 година обвинети се  Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.

Петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток. Го води обвинителката Фатиме Фетаи

Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро настрадаа четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски