Член на организирана криминална група од Србија е уапсен во реонот на Скопје, , откако полицијата спречила планирано убиство, дознава „Press.rs“. Апсењето е резултат на заедничка акција на српската и на македонската полиција, во која е пронајден осомничен член на Врачарскиот клан, претходно поврзан со тешки кривични дела. Според достапните информации, полициските служби дејствувале превентивно и врз основа на добиените оперативни информации, идентификувале лице кое е осомничено за подготовка за извршување убиство во  Македонија.Криминалецот е упасен во реонот на Скопје.

Полициските служби на Република Србија и Македонија продолжуваат со тесна соработка со цел сузбивање на организираниот криминал и истражување на сите околности на овој случај“, се вели во официјалното соопштение на српските власти.

Истрагата е во тек, а надлежните институции најавија дека наскоро ќе објават повеќе детали за овој случај. Ова апсење претставува продолжение на заедничките активности на полициите од регионот насочени кон борба против организираните криминални групи.

Извор: Press.rs