Златото и среброто може да се покажат како најпрофитабилна инвестиција во 2019 година. Во последниот месец, до 8 јануари, златото поскапе за 2,5% или за над 50 долари по унца и цената му се зголеми на малку под 1.300 долари. Среброто, пак, поскапе од 14,21 во почетокот на декември на 15,87 долари по унца во првите денови на 2019 година. Ова ги потврдува прогнозите дека 2019 година може да е година на металите, коментираат од софиското претставништво на Admiral Markets UK. Според експертите, среброто може да поскапе до 18, а златото до 1.365 долари по унца.

Основни фактори, што влијаат врз цената на златото, се нивото на каматите и приходите од обврзниците, како и курсот на доларот. Годинава, Федералното биро за резерви на САД најверојатно ќе продолжи со зголемувањето на каматите, што може да доведе до одлив на капиталот од пзарот на фондови, а една од најдобрте алтернативи за акциите е златото. Во однос на доларот, очекуваното покачување на каматите од страна на Федаралното биро за оваа година веќе се вкалкулирани во неговиот курс и тие едвај ќе ги поттикнат „зелените банкноти“ да одат нагоре, освен ако централните банкари не внесат сериозни изненадувања за пазарите.