Подрачната единица на Министерството за земјоделие информира дека започна поднесувањето на барања од програмата за директни плаќања за 2021 година.
Пријавувањата за субвенции и оваа година ќе се поднесуваат по електронски пат на страната на Агенцијата за финансиска поддршка и развој во земјоделството.
Како и минатите години и оваа година подрачната единица на МЗШВ во Битола ги отвори дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила. Земјоделците во дисперзираните канцеларии ќе бидат примени од страна на вработени стручни лица од МЗШВ ПЕ Битола.
Битно е да се напомене дека во општините Новаци и Могила ќе можат да пријавуваат субвенции само оние земјоделци кои по лична карта имаат адреса на живеење во овие општини. Сите оние кои имаат адреса на живеење во Битола барањата ги поднесуваат во ПЕ Битола.
Со оглед на ситуацијата со вирусот сите оние кои имаат можност своите барања да ги поднесат од своите домови по електронски пат , а им е потребна помош при самата апликација можат да се обратат на телефонскиот број на ПЕ Битола 047/237-419.
Поднесените барања по електронски пат мора да се испратат и во печатена форма на
адреса Ул.3-та Македонска бригада бр20, зграда на Македонија Табак блок Ц, 1000 Скопје
Пријавувањето трае до 31-ви мај 2021 година, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.