Инвестирање во поголема гарантирана социјална помош за најранливите категории граѓани, во ран детски развој, полесен пристап до детски додаток, образовен додаток за деца, и зголемување на опфатот на деца во претшколско образование, се некои од мерките на чија реализација работи Владата за излез од кругот на сиромаштија, на кои денеска на Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата потсети премиерот Зоран Заев.
Мора да го прекинеме кругот на сиромаштијата, кој се пренесува од генерација во генерација меѓу најранливите семејства. Поради тоа, дополнителни 11 илјади домаќинства ќе добиваат гарантирана социјална помош, покрај постојните 26 илјади домаќинства, кои веќе имаат право на овој надоместок. Семејствата со деца и со ниски приходи ќе добиваат полесен пристап до Детскиот додаток. Очекуваме бројот на деца кои ќе го користат ова право да биде над 70 илјади, за разлика од само 3.200 деца кои сега имаат право на Детски додаток, вели Заев во видео-обраќањето.
Според него, раниот детски развој е клучен и во него мора да се инвестира на време и со поголем опфат на семејства, зашто тоа не може да се надомести подоцна во текот на животот.
Најранливите категории на деца ќе добијат можност да се вклучат во установите за згрижување и воспитание – овие капацитети Владата ги зголемува со инвестиција од 16 милиони евра и поддршка од Светската банка. Образовниот додаток од 2019 година ќе можат да го добиваат и основците и очекуваме да го користат над 60.000 деца.
Ова се некои од нашите одговори за излез од кругот на сиромаштијата. Ова се инвестиции во човечкиот развој бидејќи секое дете ни е важно, бидејќи секој човек ни е важен. Тука не запираме и одиме понатаму, отворени за соработка со иницијативите на заедниците. Заедно можеме да ја направиме Македонија да биде солидарна и чувствителна земја, вели македонскиот премиер во видео-обраќањето по повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата.
На изјавата од премиерот Зоран Заев, реагираа од ВМРО ДПМНЕ
Македонија тоне во сиромаштија. Народот е гладен и едвај преживува. Сите земји во регионот не поминаа. Економијата е пред колапс, а единствено што прави власта е масовен грабеж на парите на граѓаните и расфрлање милиони на лубриканти, на луксузни лимузини и делење на сомнителни тендери на свои партиски војници, велат од партијата.
Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, повторно ги манипулираат граѓаните. Имено Заев заедно со Царовска пред неполн месец на прес-конференција најави зголемување на социјална парична помош и тоа за повеќе од 300%.
Согласно со најавените покачување корисниците на социјална парична помош ќе ги добиваат овие средства:
Сегашна состојба
Според кажувањата на Мила Царовска и Зоран Заев
Семејство за 2 члена- 3.933,00 денари
(зголемување 300%)=11.799,00
Семејство со 3 члена-6.057,00 денари
(зголемување 300%)=14.985,00 денари
Семејство со 4 члена= 6.057,00денари
(зголемување 300%)= 18.171.00денари
Имено Заев и Царовска со таканаречените реформи сакаат да ги доведат во заблуда најранливата категорија граѓани говорејќи за покачување од 300%, а всушност се работи за збир на повеќе права кои и во овој момент ги користат корисниците на социјална парична помош.
Заев на денешната изјава по повод Светскиот ден на сиромаштијата заборави да нагласи дека од 2019 е најавено укинување на родителскиот додаток за трето дете. Родителскиот додаток за трето дете во Република Македонија изнесува 8.362 денари, а го користат околу 29.000 корисници, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.