Поранешните вработени во фабриката Охис денеска протестираа пред Владата. Бараат да им се исплатат задоцнетите плати и тоа осум плати од 2008 година и 16 од 2012 и 2013 година.
Велат, имаат добиено судска одлука за исплата, а добиле решение за авансна исплата на платите во износ од еден до 32 отсто од вредноста што им се должи во зависност од кој ДОЕЛ се.
Се жалат дека нивните права се прекршени, а, како што велат, им било ветено дека ќе им бидат целосно исплатени по продажбата на ОХИС за која се земемени 7,1 милион евра, од кои им биле ветени 5,1 милион евра дека ќе бидат наменети за исплата на заостанатите плати.
Здравко Боневски, претставник на синдикатот во ОХИС рече дека Владата премолчува за неисплатените плати и придонеси откако вработените, биле прогласени за технолошки вишок, но од заводот не зеле ниту денар.
Се пожалија и дека не никој не ги информирал за стечајната постапка. Дознале велат откако од нив било побарано во рок од осум дена да ги пријават побарувања. Двесте од околу 2000 вработени во фабриката Охис не успеале во тоа.
Поранешните вработени во фабриката Охис најавуваат дека протестите ќе ги продолжат секој вторник и петок пред Владат се до исполнвање на нивните барања.
Comments are closed for this post.