Американска компанија е заинтересирана за работа во Србија. Веќе е потпишан Меморандум, ќе се вработат 160 луѓе, а платите ќе изнесуваат 1500 евра, пренесуваат српските медиуми.

Општина Кула потпиша Меморандум за соработка со „Attis Industries“, со седиште во САД. Компанијата работи во три области, производство на биогориво, технолошка иновација во секторот, како и во областа на здравството.

Планот на компанијата е да инвестира помеѓу 60 и 80 милиони евра во период од 24 месеци од моментот на добивање на сите потребни дозволи, а просечната плата во фабриката, како што се наведува, треба да биде околу 1.500 евра.

Како што е соопштено, Ванеса Бегето, претставник на компанијата Атис, рече дека разгледувале неколку локации во Европа и пронашле економски развиена земја, што одговара на инвестицијата што планираат да ја инвестираат.