Според Државниот завод за статистика, просечната плата во Македонија за јули месец изнесува 27.231 денари или 441,87 евра, а струјата ја плаќаме по 4,77 ден/kWh. или 0,077 евра/kWh, вели лидерот на Вмро-дпмне, Христијан Мицкоски!

За споредба, во Словенија просечната плата е 1114 евра, а таму граѓаните струјата ја плаќаат по 0,16 евра/kWh.

Или народски кажано, плаќаат двапати поскапа струја, а имаат скоро трипати повисока просечна плата од нас, потенцираше тој!

Уште една споредба со соседно Косово, таму просечната плата е повисока од нашата – 602 евра, а плаќаат пониска цена – 0,06 евра/kWh.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме две барања, а тоа се:

Најпрво да се врати поранешната цена на струјата и дополнително, Регулаторната комисија и претседателот Марко Бислимоски да најдат конечно храброст и да се повлечат од комисијата за да дојдат луѓе коишто ќе бидат експерти во таа област и ќе ја вршат работата, не под насока на власта и Зоран Заев, туку онака како што треба, вели Мицкоски!