Од осамостојувањето на државата до денес има проблем со пласман на праски, реагираат овоштари на кванташкиот пазар во Росоман.
Една гајба од 10 килограми за само 40 денари. Тоа е цена што ни од далеку не ги покрива трошоците, нагласија тие.
Таа гајба на праски според нив, треба да биде со реална цена од 500 денари, за квалитетот кој го понудиле. Бидејќи, како што рекоа денеска, скапи биле препаратите за заштита.
Поради девалвираната цена на земјоделското производство моите деца веќе не сакаат да работат на нива, се пожали Драги Петров, земјоделец.
Незадоволните побараа државата да им помогне, бидејќи, во спротивно, голем дел од производството годинава ќе им останело на нива.
Comments are closed for this post.