Развој на економијата и на државата нема, ниту може да има со ваква неспособна Влада. Зоран Заев и Нина Ангеловска со ребалансот предлагаат популистички буџет, во кој се крати од развојните проекти, како капиталните инвестиции за да има пари за популистички мерки, кои имаат краткотраен ефект – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ по усвојувањето ребаланс на буетот.
Како што велат од партијата, планпот на Премиерот е префрлање пари во непродуктивни трошоци за да се минимизира незадоволството од расипништвото и корупцијата на неговиот кабинет.
Нема поголем апсурд кога премиер говори за исплата на пари на рака, а министерот за финансии го спушта погледот во земја. Тажно е кога премиер говори за „честење“ на работници, а неговиот министер молчи. Зоран Заев и Нина Ангеловска не водат фабрика за ајвар или агенција за интернет трговија, туку држава. Давање на плата, наместо жирално, во кеш, нешто што Заев го прикажува како частење, е кривично дело, бидејќи на тој начин се избегнува плаќање на даноци.
Македонија блеска само во главата на Зоран Заев. Во реалноста имаме 2,5% помалку работници во индустријата во јули оваа година, во однос на јули минатата година, односно на 100.000 работници лани, а сега имаме 2.500 помалку.
Во исто време додека Заев продава ветар и магла, реалниот БДП во однос последен квартал 2018 со прв квартал од 2019 година е паднат за 211 милиони евра. Напразно власта се фали и со субвенциите, бидејќи околу 70 милиони евра од последните неколку години сѐуште не се исплатени. Не се исплатени ниту дополнителните мерки кои им беа ветувани на земјоделците – наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата му порачуваат на Заев да не зборува за младите, затоа што од позиција на опозиција ветувал враќање на младите во државата, а во трите години колку што е на власт се забрзало иселувањето.
Како показател за лошата економска состојба, опозицијата посочува и дека странските директни инвестиции бележат пад од 84,2% односно од 310 милиони евра се паднати на 49 милиони евра, за периодот јануари јуни оваа година во однос на лани. Затоа, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а професорите штрајкуваат заради најниските плати во регионот.
Comments are closed for this post.