Владата на 152. седница усвои Протокол за соработка со Хашемитското Кралство Јордан во областа на земјоделството.

Како што соопштија од владината прес-служба, Протоколот ќе го потпишат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија и Министерството за земјоделство на Кралството Јордан.

Владата го овласти министерот за земјоделство, Трајан Димковски да го потпише протоколот.