Минималната плата која СДСМ ја ветува е фарса. Власта нема реална контрола и голем број на работници се принудени парите да ги враќаат на рака. Наместо реално покачување имаме покачување само на хартија. Работниците се понижени и оставени на маргините на општеството, затоа се повеќе луѓе се иселуваат, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Само во еден ден, град како Делчево со 18-тина илјади жители го напуштиле 1.000 луѓе. Тоа е одраз на апатијата во која е западната државата, безперспективноста и криминалот. Нивото на странски инвестиции е помало од било кога до сега. Реализацијата на капитални инвестиции е очајно ниска и изнесува 28% за цели 8 месеци. Тоа не говори ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говори ДЗС. Со СДСМ само тонеме. Живее само елитата во власта. СДСМ мора да си замине, истакнуваат од Центарот  за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.