Новото задолжување на Владата од 98 милиони евра ги проби сите психолошки бариери, а ако се земе предвид дека целата економија крахира и тоне, прогнозите се сè поцрни и поцрни, порача опозицискиот портпарол Димче Арсовски.

Тој денеска на прес конференција истакна дека годинава според меѓународните финансиски институции ќе ја завршиме со рекордно најнизок раст во регионот и во Европа.

Со новото задолжувае на Владата заедно со Минитерството за финансии, секој човек во Македонија од вчера е задолжен за 50 евра, а секое просечно четиричлено семејство е задолжено со 200 евра, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.