СДСМ преку своите бледи прес конференции се обидуваат да ги манипулираат земјоделците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Земјоделците го почувствуваа „Животот“ кој го донесе СДСМ. Земјоделците почувствуваа што значи, нивниот труд да не биде вреднуван од Владата, откупните цени да бидат ниски и да немаат пласман за своите производи.На земјоделците им се потребни средства кои ќе ги имаат на располагање во секое време и мерки за помош и развој на земјоделството.Земјоделството во државата е во катастрофална состојба, а сето тоа е благодарение на неспособноста на министерот Николовски и премиерот Заев. Ова временска непогода за земјоделството наречена Влада на СДСМ мора да си замине, за да се спаси она малку што остана од македонското земјоделство“, стои во реакцијата од опозициската партија.