Антикризните мерки на Заев и СДСМ се купи ден продај проекти, од кои освен краткорочен рејтинг со поткуп во корист на СДСМ ефектот е нула, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мерките на владата не се развојни, туку крпат дупки, четвртиот и петтиот пакет на мерки покрај за санација, требаше да бидат насочени и кон развој и заживување на економијата. Цели категории од стопанството се надвор од опсег на мерките. Угостителите се незадоволни, индустријата нема реален поттик, целиот сет на услужни дејности е погоден, а се што имаме од власта е кршење на дупки. 55.000 луѓе останаа без работа, а 1.5 милијарди евра се потрошија, за каков успех зборува власта?! Јавниот долг за првпат е над 60% од БДП, а ефектите од тоа задолжување не само што се нула, туку одат во минус, се наведува во соопштението на партијата.

Оттаму додаваат дека ефектите врз економијата ќе беа далеку поголеми, доколку СДСМ се насочеше на реална помош и поттик на стопанството и граѓаните, а не само на поткуп во корист на нивниот рејтинг пред избори, ефект никаков, а штетите се огромни, како по компаниите, така и по празниот буџет на државата, од кој треба да се враќаат милијардите за кои Заев не задолжи.