Согласно податоците за месец јули, Македонија има една од највисоките стапки на инфлација во регионот и Европа. Тоа е резултатот на неспособната и криминална власт на СДС и ДУИ. Државата во месец јули забележа просечна стапка на инфлација од 16 %, што е повисоко од инфлацијата во Србија, Црна Гора и Албанија, каде за тој месец вредностите изнесуваат 12,8%, 14,9% односно 7,5%. Пониска инфлација имаат и Бугарија (14,9%), Грција (11,3%) и Хрватска (12,7%). Македонија има речиси двојно повисока стапка инфлација од просекот во евро-зоната. Тоа е поразително, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните секој ден се соочуваат со нови повисоки цени на рафтовите во магацините, а семејниот буџет го истенчија и големите поскапувања на нафтените деривати и електричната енергија. Трката со ваквите цени, платите и пензиите одамна ја изгубија, а сиромаштијата зафаќа се повеќе семејства. Едноставно народот тоне во сиромаштија, а владата предводена од антимакедонската СДС е фрлена на лично богатење, местење на тендери и криминал. Сите основни животни продукти се поскапени за 50-100%. Според статистичките податоци 451.900 лица живеат под прагот на сиромаштија, а според Еуростат 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Овие бројки се и повисоки ако се земат предвид инфлаторните движења во последните месеци, истакнуваат од опозициската партија.
Comments are closed for this post.