Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, во „Топ Тема“ најави дека Земјоделскиот инспекторат наложил контрола на над 3.000 земјоделци за да провери со вонредна контрола дали тие чесно со своето производство ги заслужуваат доделените субвенции.

Имаме ние (Владата) заклучок, прво се работеше за анасон. На 1.200 хектари се даваат 700.000 евра субвенции за анасон. Од платежната агенција се одлеваа многу пари за „скриен“ анасон. Сега многу се манилуплира со спанаќ како градинарска култура, а таму немаме скалесто субвенционирање. Така таму може организирано да се злоупотребат субвенциите. Затоа имаме заклучок на Влада и го поттикнавме државниот инспекторат за земјоделство да ги провери тие повеќе од 3.000 земјоделци вонредно. Не 3.000, и 30.000 да се, ние ќе направиме контрола, рече Димковски.