Во ниту еден од четирите сета мерки не беа опфатени лицата со посебни потреби и родителите на деца со попреченост. Реагираат засегнатите, реагира јавноста. Како и зошто се носат овие мерки? Зошто помош на пензионерите кои редовно ја добиваат својата пензија, дури и пред време, а нема помош за оние родители кои поради корона вирусот имаат намалена плата?, пишува „Република“.
-Немам ништо против пензионерите што добиваат помош. Но ме интересира зошто тие се економски засегнати од корона вирусот? Пензијата ја добиваат редовно, истата не е намалена, не им е ништо различно од периодот пред светот да се соочи со корона вирусот кој се одрази врз економијата. Конкретно родител сум на дете со попреченост. Од државата добиваме 5 000 денари, а трошоците за вежби за детето и сета потребна нега се пет пати повисоки. Поради ударот со вирусот мојата плата е драстично намалена. Од плата која е над просечната плата во земјава, сега сум пријавен на половина работно време со месечни примања од 7.500 денари. И во ниту еден од четирите сета мерки не сум опфатен. Луѓе кои не плаќаат даноци, работат непријавени добија платежни картички, добија ваучери за одмор. Студенти, средношколци добија помош, а луѓето со посебни потреби и родителите на деца со попреченост не добија ни денар од државата -вели револтирано Ненад Б., татко на дете со попреченост.
Целиот текст на целдниов линк.
Comments are closed for this post.