Граѓаните коишто се уште не ги провериле изготвените годишни даночни пријави, ќе може да го направат тоа и во текот на викендов. Иако, првичниот рок за такво нешто беше до крајот на работната недела, како што соопштија од Управата за јавни приходи, ќе им овозможат на граѓаните да да ја потврдат или корегираат претпополнетата годишна даночна пријава и во текот на викендов.

Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник) Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени, се наведува во соопштението на УЈП .

По истекот на овој продолжен рок, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.

Годинава, за прв пат поднесувањето на пријавите оди електронски. Даночните пријави можете да ги погледнете на овој линк. Ќе се отвори прозорец во кој треба да ги внесете податоците (корисничко име и лозинка) коишто ги употребивте при регистрација на профилот.

Потоа ќе можете да го погледнете формуларот со пресметките, како и да извршите евентуални корекции на вредностите.