Oд утре стапува на сила законското решение според кое во платниот промет, во кеш ќе може да се плаќа само до 500 евра во денарска против вредност.

 

Клучно е дека оваа мерка се спроведува со цел да се намали сивата економија и затоа што со плаќање на црно, практично се прави штета на граѓаните. Заради тоа ние превзедовме мерка за спуштање на лимитот за плаќање во кеш и таа мерка се спроведува од порано бидејќи првиот лимит беше на 2.000 евра и успешно се реализира, потоа од 1 јануари годинава лимитот беше спуштен на 1.000 евра, а од утре ќе биде до 500 евра. Во Законот јасно е нагласено дека од 2.000 евра лимитот ќе го спуштаме на 1.000 евра и ќе застанеме на 500 евра. Тоа е добро, бидејќи тоа е борба против сивата економија и против плаќањата кои не се пријавени и не се оданочени. Ние имаме институционален капацитет да ја спроведеме оваа мерка, покажавме дека тоа од минатата година успешно се спроведува и така ќе продолжиме – изјави министерот Тевдовски.