Откако го предизвикаа револтот на пазарџиите со носењето на законот за трговија на зелените пазари, од владејачката партија сега ретерираат. Велат дека СДСМ  со внимание ги следи реакциите кои произлегоа од законските измени што ги засегаат граѓаните кои остваруваат трговска дејност на пазарите.

Од пратеничката група на СДСМ велат дека  ќе бараат и ќе се залагаат  за одложување на спроведувањето на  измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение.

Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија.Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни, изјави Диме Велковски, пратеник на СДСМ

Инаку Законот за трговија на зелените пазари по брза постапка беше донесен пред нова година и стапи на сила од почетокот на 2019 -та . Со него се предвидува  воведување и  плаќање на  лиценци  за пазарџиите, но и неможност пензионерите и стечајците да продаваат на пазарите. Револтирани параџиите вчера излегоа на протести пред Собранието на Р. М со барање овој закон да се укине или да претрпи измени