Подобрување на инфраструктурата и инсталирање на нова машина за производство на цигари се новостите кај Тутунски Комбинат од Прилеп (ТКП). Градежните зафати беа дел од Стратегијата за подобрување на ефикасност на фабриката за производство на цигари. Исполнети се највисоките стандарди за квалитет според критериуми на глобалниот гигант во производството на цигари Филип Морис, што овозможи почеток на производството на најбрзорастечките брендови од фамилијата на Marlboro и Chesterfield. Компанијата во изминатиов период интензивно се трансформираше во ефикасна и модерна фабрика за производство на цигари во земјава. Стратешкото партнерство на Тутунски комбинат Прилеп со Филип Морис значително придонесе во менувањето на тутунската индустрија во земјата и враќање на Тутунскиот комбинат од Прилеп на некогашните позиции како компанија која има значителен позитивен придонес во македонската економија.
„Оваа модернизација е очекуван чекор. Последниов период сте сведоци на промени во ТКП во позитивна насока. За првпат од кога е изградена фабриката се изврши реновирање на производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни во која веќе одредено време тече процесот на модернизација на производството. Обезбеден е и сигурен пласман на тутунот кој го откупуваме од нашите кооперанти. Инсталирана е нова машина за производство на цигари со потенок прогресивен формат или т.н. 7.0 формат, што овозможи во изминатиов период да почне да се произведува Chesterfield 7.0 и да се започне со производство на Marlboro 7.0. како најбрзорастечки формати на македонскиот пазар во моментов. По неколкудецениски проблеми, со помош на Филип Морис кој ни дава секојдневна поддршка во обновување на машините, подобрување на стандардите и процедурите, унапредување на квалитетот и модернизација на производството, Тутунскиот комбинат станува ефикасна фабрика на задоволство на Прилеп и Македонија”, вели Кирил Станкоски, генерален директор на Тутунски Комбинат Прилеп.
Comments are closed for this post.