Трошоците на живот во ноември годинава во однос на ноември лани бележат раст од 1,2 проценти, а во однос на октомври годинава намалување за 0,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Според објавените пдоатоци цените на мало во ноември годинава во однос на ноември лани се повисоки за 1,9 отсто, а во однос на октомври имаат пад од 0,5 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 14,3 отсто, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,6 отсто, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,8 отсто, млекото за 0,6 отсто, другите пекарски производи за 0,3 отсто, брашното и другите жита, јогуртот за 0,2 отсто.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7,4 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4,2 отсто, гасот за домаќинствата за 2,2 отсто, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1,6 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, игрите, играчките и хобијата за еден отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0,9 отсто, информатичката опрема за 0,6 отсто, телефон и телефакс-опремата за 0,4 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, градините, растенијата и цвеќињата за 0,2 отсто.
Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, за 6 отсто, замрзнатото овошје за 2,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,6 отсто, сирењето и урдата за 0,9 отсто, другите прехранбени производи за 0,8 отсто, конзервираното овошје за 0,6 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,4 отсто, месото, рибата и морските плодови за 0,3 отсто.
Во ноември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за 2,3 отсто, парамедицинските услуги за 2,1 отсто, обувките за еден отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,4 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,2 отсто.
Comments are closed for this post.