СДСМ ги шиканира вработените во МЗШВ. Над 70 вработени во шумската полиција се прераспределени на работни места надвор од нивното место на живеење. Трајан Димковски по налог на Зоран Заев шиканира партиски неистомисленици, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се професионалци вработени во Секторот Шумска полиција. 70 администратори и шумски полицајци веќе една недела одат на работа оддалечена и над 50 километри од нивното место на живеење, вели Цветан Трипуновски, од ВМРО ДПМНЕ.
За апсурдот да биде поголем се преместуваат вработени од еден во друг град со образложение, зголеми обем на обврски. А се што прави власта е само размена на луѓе, без дополнување и дополнително образложение.Шиканирањето и мобингот нема да заплашат никој. Граѓаните се помотивирани од било кога. СДСМ паѓа и ниту една манипулација и панична реакција нема да ги спаси. ВМРО-ДПМНЕ им нуди на сите вработени во јавниот сектор кои се шиканирани од власт бесплатна правна помош од страна на правната комисија на партија, кој ќе може да ја добијат во секој еден штаб на партијата, секој работен ден од 17-19 часот, изјави Трипуновски
Comments are closed for this post.