Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото – НС ГРИТГ бара инвеститорите, изведувачите и подизведувачите да ги запазат сите мерки за безбедност при работа со цел да се спречат несреќите на градилиштата, како последната несреќа во која беа повредени десет работници во Куманово. Исто така, од Синдикатот имаат забелешки и на работата на надзорните органи, односно инспекторатите од надлежните министерства за труд и социјална политика и за транспорт и врски кои се надлежни и треба да спроведуваат дали мерките се почитуваат.

-Законот за безбедност и здравје при работа предвидува мерки кои најчесто се заобиколуваат и не се почитуваат. За тоа се вионовни инвеститорите, газдите, изведувачите и подизведувачите и секако надзорните органи. Тие не преземаат ништо и затоа доаѓа до вакви немили настани. Не можам да разберам денес во 21 век да се случи ваква несреќа на градилиште, вели Атанас Трајковски од Независниот синдикат на градежни работници инженери и трговци во градежништвото.

Тој вели дека оваа несреќа во која, како што вели, мрежаста арматура поклопила десет работници, се случила токму поради непочитувањето на мерките и законските одредби.

– Сакам да упатам критика и да потенцирам дека во денешно време ова не смее да се случи. Како се нашле десет души на едно место, моја претпоставка е дека најверојатно биле на јадење во тој момент се откажила мрежаста арматура од кранот и ги поклопила. Со закон за безбедност и здравсје при работа е забрането додека работи кранот да има работници под него., рече Трајковски.

Тој побара сите работници кои се повредени поради непочутување на законските одредби за безбнбедност и работа да се обрата до нив и оти ќе има дадат поддршка, прави совети и напатствија.